Сцена
Џастин Бибер одби да ја испее „Despacito“, па за малку ќе го погодеа в глава
Канадскиот пејач Џастин Бибер ниже хит по хит, а последниот насловен „Despacito” ги соборува сите рекорди на слушаност.
Сепак, тој на неодамнешниот „Самербурст Фестивал“ во Стокхолм не сакаше да ја отпее таа песна, со образложение дека во тој момент го има заборавено текстот. Кусо потоа, нешто поприлично големо „полета“ кон неговата глава.
– Не ги знам зборовите, не можам да го пејам тоа, изјави пејачот, пред да се случи инцидентот.




