Сцена
Бекам мета на медиумите по објавените електронски пораки
Дејвид Бекам, поранешен капитен на англиската фудбалска репрезентација се најде на удар на медиумите по објавување на хакираните електронски пораки, во кои се доведува во прашање неговата добротворна работа.
За електронските пораки кои се објавени на сајтот Футбол ликс, потпаролката на Бекам рече дека се извадени од контекст и дека се изменети.
Потпаролката додаде дека приказната се заснова врз застарени материјали, кои намерно се претставени со цел да се направи погрешна слика за Бекам.




