Сцена
Беверли Најт се струполи сред настап (ВИДЕО)
Британската пејачка, водителка и театарска глумица Беверли Најт ги загрижи своите фанови, откако колабира за време на својот настап на хуманитарниот концерт во „Ројал Алберт Хол“, па мораа на раце да ја изнесат од сцената.
Инцидентот настана во момент додека таа ја изведуваше „I Will Always Love You“ од Витни Хјустон.
Иако Би-Би-Си го отстрани овој дел од снимката која одеше на телевизија, тој сепак некако „протече“ во јавноста, по што твитерџиите коментираат дека изведбата на Најт била подобра од оние на самата Витни.



