Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Бијонсе по две години со нова песна

Сцена

Бијонсе по две години со нова песна

Американската поп ѕвезда Бијонсе по две години објави нова песна, чиј текст и спот е посветен на движењето „Животите на црнците се важни“.

Новата песна „Formation“ и спотот Бијонсе ги објави синоќа, само еден ден пред да настапи пред десетина милиони телевизиски гладачи на полувремето на финалниот натпревар на првенството на националната лига на американскиот фудбал.

Песната претставува подарок за фановите на пејачката и може бесплатно да се симне од „TIDAL“, чии сопственици се Бијонсе, нејзиниот сопруг Џеј Зи, Ријана и други пејачи.

Спотот, кој е снимен во Њу Орлеанс, содржи референци на движењето „Животите на црнците се важни“ кое протестира против полициската бруталност кон Афроамериканците.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.