МК Сцена
„Нова Македонија“ ги врачи наградите „Личност на годината“ за 2015-та
Редакцијата на „Нова Македонија“ денеска ги врачи признанијата „Личност на годината“ за 2015-та на осуммина јавни личности од различни општествени сфери, кои ја одбележале минатата година и со своите постигнувања ја афирмирале Република Македонија.
Годинашни лауреати се поетот Никола Маџиров, тенорот Благој Нацоски, хуманитарката Ленче Здравкин, бизнисменот Глигор Цветанов, композиторот Дуке Бојаџиев, косопственикот на продукцијата Фх3х Кристијан Даниловски, пливачот маратонец Евгениј Поп Ацев и ракометарот Кирил Лазаров.
Весникот му додели награда и на својот фотограф Горан Анастасовски чии фотографии за природата и дивиот животински свет ги објавија светски медиуми, како Нешенал џиографик, Ројтерс, Дејли њуз, Нејчрс бест фотографи…, а Дејли мејл неодамна го прогласи за „Крал на фотографијата“.




