Сцена
Бијонсе „собра“ најмногу Ем-Ти-Ви номинации
Бијонсе со нејзиниот последен албум „Лимонада“ е номинира во 11 категории за овогодишните Ем-Ти-Ви награди, со што се најде на првото место на листата според бројот на номинации.
Со овој свој автобиграфски албум, Бијосне се приближи до апсолутниот рекорд на сите времиња што ги постави Лејди Гага во 2010 година, кога доби 13 номинации, јави Би-Би-Си.
Бијонсе со најновиот албум се прикажа како жена која минува низ неколку фази на болка, поаѓајќи до прифаќање на фактот дека сопругот и бил неверен и поставувајќи ја ситуацијата во контекст на афроамериканска култура.




