Промо
Богата програма во Скопје Сити Мол за велигденските празници
Скопје Сити Мол оваа година ќе биде домаќин на една волшебна Велигденска бајка и ќе биде местото каде што ќе се вкрстат патишта на добрата забава, празничниот дух, хуманоста и креативноста.
Во таа насока, започнувајќи од 3ти април и во наредните 10 дена, Сити Мол креираше богата програма на активности за сите генерации и за сечиј вкус.
Најмалите ќе добијат можност да ја задоволат својата детска љубопитност со едукативна програма во живо и вистинска домашна фарма, каде што во постојано присуство на аниматор и едукатор дечињата ќе можат да погледнат изложба на јајца од разни птици и да се едуцираат со живи зајчиња, петлиња и пилиња.




