Сцена
Бројот на преостанати епизоди на „Игра на престолите“ ги шокира фановите
Откако фановите се помирија со фактот дека шестата вообичаено сјајна сезона на мегапопуларната серија „Игра на престолите“ заврши, ги дочека студен туш каков што не очекуваа.
Имено продуцентите на серијата, Дејвид Бениоф и Ден Вајс го потврди дека она за што се шпекулираше: планираат да снимат само уште 13 нови епизоди.
– Во план се уште две сезони со вкупно 73 часа, како што и планиравме од почетокот. Сакаме да раскажаме една квалитетна приказна со кохерентен почеток, средина и крај. Веќе подолго време знаеме каков ќе биде крајот и одиме кон него. Последните продолженија тоа и го најавија, објасни Бениоф, одговарајќи на негодувањето на фановите.




