Настани
Цел Балкан собран на „Фјужн“ бината на „Егзит“!
„Фјужн“ бината (Fusion Stage), омилената бина на балканските музичари на „Егзит“ фестивал, од 9. до 12. јули оваа година спојува атрактивни бендови од различни делови на светот.
Најголемата бина на Горниот град на Петроварадинска тврдина, со рекордниот интерес за „Егзит“ годинава, подготвена е секоја вечер да пречека и преку 15.000 посетители, за кои оваа година своите најдобри настапи ќе ги приредат израелските алтер бендови „Лола Марш“ (Lola Marsh) и „Тајни Фингерс“ (Tiny Fingers), грчките стонер-рокери „1000модс“ (1000mods), корејскиот електро состав „Идиотејп“ (Idiotape), холандските нојзери „Пејсшифтерс“ (Paceshifters), бугарските електро психоделичари „Котарашки“ (Kottarashky), како и етно-модернистите „Дин Брад“ (Din Brad) од Темишвар. Супертешката категорија на најголемите регионални имиња ја предводат „Хладно пиво“, „Ајсбрн“ (Eyesburn), „Зостер“, Рамбо Амадеус, Каролина, „Урбан & 4“, Артан Лили, „Канда, Коџа и Небојша“, „Киша Метака“, „Феуд“, „Бркови“ и бројни други!