Сцена
Јубилејно 10-то издание на Баскерфест
Караванот кој носи радост оваа година го прославува 10-от роденден и по повод јубилејот подготви одлична баскер програма надополнета со музика, не само за скопјани туку и за цела Македонија.
Баскерфест 2015 започнува на 12 јуни, а ќе трае се до 13 јули, односно точно месец дена. Во Скопје официјалниот почеток е на 12 јуни со траење до 21 јуни. Традиционално фестивалот ќе се одржува во центарот на градот.
Покрај Скопје, Баскерфест ќе се одржува и низ поголемиот дел градови во Македонија. Секој град барем неколку денa ќе има можност да ја доживее магијата на уличната уметност.



