Сцена
Данела Арсовска: „Не позади, туку до секоја силна жена стои силен маж“
Во „Нешто конкретно“ оваа недела зборуваме за тоа дали жените се плашат од силни жени. Дали на жената со став и е многу потешко да стигне до зацртаната цел или напротив многу полесно. Дали позади секоја јака жена стојат многу жени кои што превртуваат со очи и се користољубиви и дали силната жена е инспирација или фрустрација?
На оваа тема дебатираме со Данела Арсовска, Пулексенија Јовановска, Васка Леонтиќ и Зуица Лазова.
Денеска силни и успешни жени, но какви беа тие во средно? Васка Леонтиќ зборува за своите почетоци, како авангардна средношколка таа често била бркана од часови затоа што се облекувала поинаку од останатите, вели ретки беа професорите што успеаја да го забележат мојот талент. Таа откри дека сите оние другарки што ја викаа фризерка тогаш, за своите свадби дојдоа кај фризерката да си ја средат косата.





