Сцена
Даниел Њумен „излезе од плакарот“
Ѕвездата од серијата „Walking Dead“, Даниел Њумен „излезе од плакарот“, односно јавно призна дека е хомосексуалец, со што изненади многумина, иако и претходно се шпекулираше околу тоа.
– Признавам дека сум геј и горд сум на тоа. Ве сакам сите. Бидете и вие горди на себе. На светот сме му потребни сите, баш онакви какви што сме, напиша тој на Твитер, по што имаше и трпение да одговара на секој коментар од своите фанови.
Подоцна глумецот објави и видео, каде објасни зошто се одлучил на светот да му каже за својата сексуална определба.




