МК Сцена
ПО ТРИ ДЕНА И ТРИНАЕСЕТ РЕВИИ: Заврши 15-от Моден викенд Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)
По три дена и тринаесет модни ревии, вчеравечер заврши петнаесеттиот Моден викенд Скопје кој се одржуваше во салонот „Порше Македонија“.
Последната вечер од тридевниот моден настан за сезоната пролет-лето 2017 година, ја отвори „Walone fashion group“ со колекцијата „Plumes et Perles“ инспирирана од убавината на пердувите и бисерите дополнета со рачно изработени детали. Станува збор за екстравагантни креации во розеви, бели и златни нијанси.
Несекојдневната ревија за чевли и чанти од „Paolo Bocelli“ презентираше модели со динамичен стил и дизајн според последните модни тенденции. Најновата колекција е достапна во продажните салони во Скопје, Тетово, Битола, Гевгелија и Охрид.







