МК Сцена
Доделени наградите на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола (ФОТО)
Кинематограферот од Финска, Јани Петери Паси е годинашен лауреат, добитник на златна „Камера 300“ кој ја имаше камерата во свои раце во филмот „Најсреќниот ден во животот на Оли Маки“.
Меѓународното стручно жири предводено од Федон Папамихаил и членовите Клер Пијман, Владимир Самоиловски, Алин Ташчијан и Ѓокан Тирјаки соопштија дека кинематограферот Петери Паси создава една автентична и лирична атмосфера која ја обзема публиката и го доловува духот на времето и уникатното искуство на главникот лик и затоа е добитник на најголемото фестивалско признание.
-Дали сте сигурни дека нема да ми ја земете? На церемонијата на отварањето сведочев на перформанс каде што девојка со митралез покажуваше кон публиката. Тоа беше многу чудно, но уште почудно е тоа што јас добивам награда, истакна Паси на синоќешната свеченост во Битола.








