Сцена
Доделувањето на Златните глобуси во знак на борбата против сексуално злоставување
Силни пораки и говори за единство доминираа синоќа на 75. доделување на Златните глобуси, прво доделување награди во Холивуд по сексуалните скандали што ја погодија филмската индустрија, а филмски ѕвезди во знак на поддршка за жртвите носеа црна облека.
Најголеми добитници на Златните глобуси, американски филмски и телевизиски награди за 2017 година беа филмот Три плакати вон градот и серијата Мали големи лаги.
Опра Винфри доби награда за животно дело.




