МК Сцена
Божикен концерт на Сергеј Четковиќ во Охрид (ФОТО)
Црногорската супер ѕвезда Сергеј Четковиќ синоќа на преполниот плоштад во Охрид одржа спектакуларен концерт, кој долго ќе се памети.
Истиот беше круна на Божиќниот викенд во Охрид и е дел од настаните предвидени во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“. Ладното време не беше никаква пречка за посетителите кои на почетокот уживаа во музиката на Ѓоко Танески и неговиот бенд, по што на сцената се качи Четковиќ кој имаше професионален настап и оствари одлична комуникација со публиката.






