Џеј Ло објави видео без шминка, фановите воодушевени од нејзиниот природен излгед
Нејзиниот блескав изглед многумина го препишаа на нејзиниот старо-нов дечко Бен Афлек со кој неодамна започна романса, по прекинувањето на веридбата со Алекс Родригез.
Познатата пејачка и глумица Џенифер Лопез (51) на својот Инстаграм профил објави видео во кое се снимаше тотално природна, без тронка шминка. Ова видео од нејзината утринска рутина собра повеќе од 5 милиони прегледи за само неколку часа.
Видеото се здоби со многу коментари од нејзините обожаватели кои се воодушевени од нејзиниот природен изглед.




