Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЕКСКЛУЗИВНО: Во недела стартува „Твоето лице звучи познато“ – и Даниел Кајмакоски дел од шоуто

ИЗВОР: ТВПАКЕТ

МК Сцена

ЕКСКЛУЗИВНО: Во недела стартува „Твоето лице звучи познато“ – и Даниел Кајмакоски дел од шоуто

Официјално продукцијата Емоушн ги објави имињата на учесниците во третата сезона од регионалното музичко забавно шоу Твоето лице звучи познато, кое почнува на Сител во недела 6 март од 21 часот.

Првиот победник на регионалниот Икс Фактор Даниел Кајмакоски е учесникот од Македонија, а покрај него ќе се натпреваруваат и Дара Бубамара, Халид Муслимовиќ, Ана Михајловски, водителката толку на првата сезона на Икс Фактор.

Популарните пејачки Славица Чуктераш, Ивана Петерс од Негатив и Катарина Остојиќ Каја. Поранешниот учесник на регионалното реално шоу Survivor и познат пејач Никола Роквиќ, познатиот актер од Курсаџии, Богољуб Митиќ-Ѓоша и комичарот Ненад Даниловиќ попознат како Неша Бриџис.

Во жирито оваа година ќе бидат популарниот пејач Владо Георгиев, познатиот водител Иван Ивановиќ и првата победничка на ова шоу пејачката Ана Кокиќ. Сите ветуваат одлична забава, а продукцијата гарантира дека оваа сезона ќе биде запамтена како најспектакуларна.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.