МК Сцена
ЕНЕРГИЧЕН СТАРТ НА ПИВОФЕСТ: Fly Project направија вистинска журка во Прилеп
Одличен старт на 14. издание на Фестивалот на пивото „ПИВОФЕСТ 2016“ во градот под Марковите кули.
Како што најавија, „Флај проџект“ направија одлична забава и ја запалија публиката во Прилеп. Романците на сцената се појавија подготвени за одлична забава и добро подготвениот настап го постигна она што го очекуваа – одличен прием на публиката, на која не и беше важно што забава продолжи и до три часот по полноќ.
Покрај нивните хитови, кои публиката ги пееше заедно со Тудор и Дан, очите на сите повторно беа вперени во згодните танчерки, Дијана и Ана Марија. А, имаше и зошто. Забавата продолжи со диџеј сет на диџејот на „Флај Проџект“.



















