МК Сцена
ЗАБАВАТА СЕ СЕЛИ ВО ДОЈРАН: Започнува тридневниот музички маратон „Д Фестивал“
Во Дојран од денеска до недела ќе се одржува шестиот „Д Фестивал“ – тридневен музички маратон кој со досегашните педесетина домашни и странски изведувачи станува препознатлив во регионот.
Покрај петте бини, „Д Фестивал“ ќе има и нова концертна локација Church Stage – во црквата „Свети Илија“ во Стар Дојран, на падините над фестивалскиот камп.
На првата фестивалска вечер таму ќе настапи Елена Христова од етносоставот „Баклава“ и виртуозот на канон Ибрахим Џенгис. Во сабота ќе настапи „Љубојна“ со проектот „Акустично глаголицирање или Љубојна на тацна“. Вечерта ќе биде изведен и поетско-музичкиот перформанс на триото „Игла и конец“ на Тихомир Јанчовски, Добрила Грашеска и Зоран Тортевски.




