Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Европа го избра Exit за најдобар фестивал во 2016 година!

Промо

Европа го избра Exit за најдобар фестивал во 2016 година!

Exit (Егзит) е прогласен за Најдобар европски фестивал за 2016 година од страна на водечката европска туристичка организација „European Best Destinations“ (Европски најдобри дестинации) која ова престижно признание го доделува во соработка со Европската комисија.

Exit го освои ова прво место пред фестивали како што се англискиот Secret Garden („Сикрит Гарден“ – 2. место), белгискиот Tomorrowland („Тумороуленд“ – 3. место), па дури и фестивалскиот гигант Glastonbury („Гластонбери“ – 4. место), како и унгарскиот Sziget („Сигет“ – 5. место)!

Од страна на „European Best Destinations“ е соопштено дека летните музички фестивали се дел од европскиот идентитет и дека Exit стана еден од најважните фестивали во светот: „Со вашиот фестивал допринесувате кон привлечноста на Европа како светска дестинација број 1 во светот“, наведено е во соопштението од Брисел. „По наградите за најдобри европски фестивали во 2014 година за Exit и 2015 година за Sea Dance (Си Денс), ова признание го потврдува угледот на Exit како еден од водечките музички фестивали на светот. Посебно задоволство е што успеавме да го позиционираме Exit пред сите останати водечки европски фестивали со десеткратно поголеми буџети и што нашиот дел од Европа повторно го претворивме во фестивалско средиште.“, изјави основачот на Exit, Душан Ковачевиќ.

„European Best Destinations“ е европска чадор-организација за промоција на европската култура и туризам, а чие членство го чинат дури 355 туристички организации ширум Европа. Нејзината работа и годишните признанија за кои редовно гласаат стотици илјади патници ширум планетата, директно влијаат на промоцијата на наградените дестинации кои потоа бележат пораст на глобалните туристи и инвеститори. Неодамнешниот пример на наградени дестинации како што се Порто и Бордо, ги направи овие градови посебно атрактивни за посетителите од Америка и Азија, но и во рамките на Европа. Сајтот „European Best Destinations“ месечно го посетуваат повеќе од 2,5 милиони посетители, покрај десетици илјади следбеници на „Фејсбук“, „Твитер“, „Инстаграм“ и „Пинтерест“. Нивните активности се проследени и со медумски дострел кој се мери во десетини милиони гледачи.

„Exit е наградуван летен музички фестивал. Се одржува секоја година во Србија, на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, кои многумина ја сметаат за една од најдобрите фестивалски локации во светот. Exit е единствен во фестивалскиот свет бидејќи настана од студентското движење за мир и демократија во Србија и на целиот Балкан. И денес, Exit има силна општествена мисија да помага на младите од Балкан“, се наведува во официјалниот опис на првопласираниот фестивал на сајтот „European Best Destinations“. Ова е едно од најголемите признанија од основањето на Exit фестивал, покрај двата фестивалски „оскари“, односно двете EFA (ЕФА) награди за најдобри фестивали во Европа при бројните влијателни листи (BBC, Guardian, CNN, Conde Nast, Yourope, Lonely Planet, Superbrands) на кои Exit е редовно истакнуван како еден од водечките европски и светски фестивали. Со основањето на Sea Dance во Будва и Revolution (Револушн) фестивалот во Темишвар, овие признанија се пренесоа на целата Exit Авантура, која има цел да го обедини креативниот потенцијал на целиот Балкан и со тоа истиот да го засили во големата светска конкуренција и да го направи еден од најатрактивните региони за младински туризам во светот.

Exit фестивал годинава ќе се одржи од 7 до 10 јули на Петроварадинска тврдина, а потоа Exit Авантурата патува на Јадранско море на третиот Sea Dance фестивал од 14 до 16 јули. Настапите веќе ги потврдија Ellie Goulding, Wiz Khalifa, Bastille, Dimitri Vegas & Like Mike, Stormzy, Lost Frequencies, Solomun, Robin Schulz, Nicky Romero, Ms. Dynamite, Zomboy, Wilkinson, Mind Against, Disciples, Cock Sparrer, Anti-Flag, Dub Pistols, Kensington, At the Gates, Borghesia, Feder, Sam Feldt, DJ Hype, Andy C, Modestep, Ivy Lab, Sub Zero, Hernan Cattaneo b2b Henry Saiz, James Zabiela, Tommy Four Seven, Antigone, Francois X и Shlømo.

Влезниците за Exit се во продажба по цена од 3.599 денари, а за Sea Dance од 2.220 денари, додека целата Exit Авантура чини само 4.250 денари, што е заштеда од 60% во однос на финалната цена. Во Македонија овие влезници, како и камп-влезниците, се достапни преку www.mktickets.mk и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат).

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.