МК Сцена
Фестивалот Егзит ве потсетува на летото (ВИДЕО)
Денеска сме на точно половина пат од изминатиот до следниот Exit, а сѐ уште актуелниот носител на титулата најдобар европски фестивал следниот собир под темата EXIT Tribe го закажа од 4-ти до 7-ми јули на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.
Минатогодишниот фестивалски потфат EXIT Freedom собра повеќе од 355.000 луѓе на пет фестивали во пет земји во регионов, додека само EXIT фестивал го посетија речиси 200.000 музички поклоници. Минатогодишната тема опфатена е во истоимениот краток филм „EXIT Freedom“, а во прашање е своевидното премотување на возбудливите моменти од минатиот EXIT фестивал преку визурата на протагонистите која ја доловуваат младите актери од новосадската Академија на уметностите Ѓорѓе Митровиќ, Николина Вујевиќ, Ненад Поповиќ, Аница Петровиќ, Невена Неранџиќ и Огнен Никола Радуловиќ, додека режијата ја потпишува Јелена Митровиќ, а монтажата Лазар Николиќ.
Во духот на празниците и во очи на најголемата фестивалска година досега, сите кои до 24-ти јануари ќе го споделат филмот на Фејсбук со хаштагот #EXITfilm можат да освојат и вредни награди, од влезници и бекстејџ пропусници, па до комплетни патувања на некои од шесте Егзитови фестивали оваа година!




