Промо
ФХ3Х дел од „Avengers: Age of Ultron“
Македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х во соработка со Double Negative од Лондон работеше на ефектите на „Avengers:Age of Ultron” кој во Македонија премиерно ќе биде прикажан утре во Cineplexx.
На проектот „Avengers: Age of Ultron“, ФХ3Х работеше со екипа од 20 артисти во период од два месеца, во февруари оваа година.
Филмот веќе ја имаше својата премиера во делови од Европа и Азија и според најновите информации, заработката на кино благајните ги надмина очекувањата од 150 милиони американски долари. Во првиот викенд на прикажување филмот заработи 201 милион долари. Првиот викенд на прикажување во Америка кој е закажан за 1 мај најавува надминување на заработката на првиот дел кој донесе 207 милиони долари.




