МК Сцена
Од 6 до 10 мај – пролетен фестивал на виното пред „Веро Центар“
Од 6 мај до 10 мај, пред отворениот паркинг простор во склоп на „Веро Центар“ посетителите секојдневно ќе имаат можност да уживаат во добро вино, деликатесна храна и музика за сечиј вкус.
На овогодинешниот вински фестивал го славиме виното преку селективно одбрани домашни винарии во кои посетителите ќе имаат можност да дегустираат сортни македонски вина по промотивни цени.
