Сцена
Калиопи пред концертот во Скопје: „Ова ќе биде највеличенствениот концерт во мојата кариера”
Започна одбројувањето на последните денови до големиот концерт на Калиопи во Скопје. Нешто повеќе од две недели не делат до овој спектакл, а како што деновите поминуваат, така и возбудата расте, и кај публиката, но и кај Калиопи.
19 октомври е опасно блиску, а истиот тој 19 октомври е совршен датум за фантастичен солистички концерт на Калиопи во ,,Арена Борис Трајковски”.
Пробите се веќе во тек, а воодушевувањето е взаемно. Ова со сигурност ќе биде еден од најдобрите концерти кои некогаш му се случиле на Скопје, концерт богат со аудио-визуелни ефекти, неверојатни звуци и енергија. Калиопи ветува дека на 19 октомври на своите обожаватели ќе им приреди една незаборавна музичка вечер.




