Сцена
Ѓоко Таневски: „Пострашно нешто од жена што сама пие во кафана нема“
Во новата емисија на „Нешто конкретно“ ни гостуваа девојките од групата „Фрајле“, а друштво им правеше нашиот Ѓоко Таневски. Темата на разговор беше за успесите во животот, односно што треба да се сторите за да ви тргне во животот? Нашите гости очигледно добро ја знаат вистинската формула судејќи според нивните кариери.
Ѓоко Таневски не би направил компромис за кариерата кога би ја ставил на вага со бракот, децата, или пак пријателите, а не би се одрекол ни од родителите кога тоа би било потребно за успешен брак. Човекот што го изгубил својот татко на 21 година и кој уште од таа возраст е заедно со својата сопруга, за неа ќе каже дека никогаш не му направила проблем во однос на неговата кариера, за одлучи не прашувал никого и терал по свое па задоволен е од тоа што го постигнал. Ѓоко Таневски не се плаши сам да ги носи своите одлуки, но затоа од пијани жени во кафана и те како му е страв – „Нема ништо пострашно од жена што сама пие во кафана“, рече тој.





