Сцена
Аспазија Софијанова: „На 20 години одлучив да ги намалам градите“
Стана ли женската убавина најважниот критериум кога е во прашање квалитетот на жената како личност? На оваа тема во најновото издание од „Нешто конкретно“ зборувавме со Анита Даева, Аспазија Софијанова, Мики Црнокрак и Драгана Спасовска. Сите успешни во своите кариери и доволно компетентни да дебатираат дали женската убавина се изедначи со зборот успех.
Огледалото на Драгана Спасовска ќе каже дека таа е најубава, за нејзе self-love е најважната работа па манекенката гордо кажува дека за себеси смета оти е најубава, додека огледалото на Анита Даева е малку поскромно па тоа ќе каже дека таа е симпатична и далеку од најубава на светот. Даева вели дека не се смета за најубава на светот, не се смета ни за грда, но вели дека убавината не ја кажува огледалото. „Огледалото е мртва природа, дали си убав или не треба некој жив да ти каже, така да огледалото само ми служи да видам не имам некоја флека, косава нешто да не не ми е средена, а нема никогаш да ми даде одговор на тоа прашање“, рече таа.





