Сцена
ГО НАЛУТИ НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Опра Винфри изјави дека надежта е сѐ уште жива за Хилари Клинтон
Изборот на Доналд Трамп на чело на САД и натаму е тема која ги дели луѓето на поддржувачи и лути противници на новоизбраниот американски претседател, што на своја кожа го почувстува и познатата водителка Опра Винфри.
Иако во текот на кампањата таа ја поддржуваше Хилари Клинтон, по победата на Трамп, Опра објави помирувачки твит, кој го налути „половина свет“ и многу нејзини колеги од шоубизнисот.
– Сите вие, длабоко вдишите. Има надеж, напиша познатата телевизиска под објавената фотографија од средбата Трамп со актуелниот претседател Барак Обама во Белата куќа, по што почнаа критиките.




