Сцена
Хамес Родригез вљубен во сексипилна Русинка
Фудбалерот на Реал Мадрид, Хамес Родригез во последно време не блеска на теренот, а шпанските медиуми сметаат дека главната причина за тоа е забавувањето до доцните ноќни часови во друштво на убави жени во Мадрид.
Една од убавите жени кои се во друштво на Родригез е руската манекенка Хелга Ловекату, па почнаа да се шират гласини дека таа е неговата нова љубовница.
Фудбалерот на Реал Мадрид од 2010 година е во брак со Колумбијката Даниел Оспин, со која се венчаше на неполни 19 години. Пред три години ја добија ќерката Саломе. Братот на Даниел, голманот на Арсенал. Давид Оспин е соиграч на Хемес од колумбиската репрезентација.





