Сцена
Нови тврдења дека Тупак Шакур сепак е жив
Кога се во прашање починатите ѕвезди, многу често се јавуваат теории на заговор според кои славните личности ја лажирале својата смрт и некаде живеат во тајност и одлично се забавуваат.
Меѓу ѕвездите кои најчесто „воскреснуваат“ на овој начин се Курт Кобејн и Мајкл Џексон, а во моментов најновите гласини се дека и Тупак Шакур е жив, за што е „виновна“ една фотографија се шири низ социјалните мрежи.
Според оние кои се уверени во автентичноста на фотографијата, славниот рапер, кој почина на 13 септември 1996 година, наводно се забавува со Ријана на Куба.





