МК Сцена
ХИТ ВО НАЈАВА: Димитар и „Тајфата“ снимија спот за нивната „Седум дена, седум ноќи“ (ФОТО)
Момците од „Тајфата“ на чело со Димитар Андоновски викендов што измина го завршија снимањето на видеоспотот за нивната песна насловена како „Седум дена, седум ноќи“.
Станува збор за песна на братско-сестринскиот тандем – Лазар и Магдалена Цветковски, со кои Димитар соработуваше и низ изминатите години.
Во спотот покрај момците од бендот се појавува и убавата охриѓанка Тијана Зулфи, а режисерската палка припадна на „Веста продукција“.




