МК Сцена
Хуманитарна велигденска приказна во Капитол мол
Велигден е еден од најголемите и најпрекрасните семејни празници кои се прославуваат во текот на годината.
Денови кога се расположени и најмалите и големите, кога секојдневните грижи се надминуваат и кога човек се фокусира на најзначајното нешто во животот – семејството.
Негувајќи ги овие вредности од 13-ти до 15-ти април Капитол мол заедно со Црвен крст и неколку ракотворци организираат добротворен велигденски базар за помош на 6 месечната Миа која е во вештачка кома во болница во Софија.




