Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

И СКОПЈЕ ВО СТИЛОТ НА ГОЛЕМИТЕ МЕТРОПОЛИ: Божиќен маркет на плоштад „Македонија“

МК Сцена

И СКОПЈЕ ВО СТИЛОТ НА ГОЛЕМИТЕ МЕТРОПОЛИ: Божиќен маркет на плоштад „Македонија“

По примерот на светските метрополи, за првпат и Скопје ќе добие вистински Божиќен маркет.

Од среда, 23.12 па се до 13.01, централниот градски плоштад „Македонија“ ќе биде претворен во божиќна бајка. Секој ден во попладневните часови ќе има забавна програма со Дедо Мраз за најмалите, а потоа секојдневни музички настапи на македонски артисти.

Крајот од секоја вечер ќе биде крунисан со шоу со огномет и акробати. За уживањето да биде поголемо, ќе има штандови со пиво, греено вино, ракија, колачиња, пецива, чоколади, колбасици на германски начин, топли напитки, млечни производи, мезиња и уште многу слатки задоволства.

Конечно од утре и Скопје ќе биде исполнет со новогодишна еуфорија во стилот на големите европски градови како Прага, Берлин, Будимпешта, Париз, Виена. Бидете и вие дел од првиот вистински Божиќен маркет.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.