Интервју
Александар Јосифовски и Белма Хусеинефендиќ, огнен дует на „Охрид фест“
Тие двајцата се финалистите на Гранд: Александар Јосифовски го освои второто место а Белма Хусеинефендиќ беше пласирана меѓу првите десет во мегапопуларното музичко шоу Ѕвездите на Гранд.
Патем, пласманот и не е важен туку можноста нивните таленти, енергии и музиката што ја имаат во вените, да се спојат во дует а истиот да има премиера на 29-тото издание на „Охрид фест“, на Интернационалната вечер на 3 септември.
Песната што тие ќе ја изведат се вика „Глупаво е да си сам“ а ја потпишуваат Горан Шарац-музика, Огнен Неделковски- текст и Александар Валенчиќ- аранжман.




