Интервју
„Во диско еднаш сум бил, а на алкохол не смеам да помислам“: Искрено со олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски
Дејан Георгиевски, олимпискиот вицешампион во теквондо ѝ ја донесе најголемата радост на Македонија лани од Токио. По освојувањето на олимпиското сребро, во Скопје го пречекаа како херој. Од аеродромот до триумфалната порта вели дека се моменти низ кои минувал како во сон. И цела сала на „Златна бубамара“ му ракоплескаше на нозе, за што вели дека и денес го лазат морници. А, сребрениот медал кој тежи 560 грама е само најава за следната Олимпијада од која очекува злато.
За миговите во финалето во Токио вели:
-Дента пред финалето дури легнав малку и да спијам, бев смирен. Но, тренерот не ми го даваше телефонот за да не сум под притисок од целата онаа поддршка на социјалните мрежи, за што сум посебно благодарен – открива Дејан.




