Интервју
Ива Матиќ, жената пилот на која ни небото не ѝ е граница: „Со позитивна мисла тргнувам на лет“
Ива Матиќ е првата жена пилот во Армијата која седна во воен хеликоптер и авион, а денес управува патнички авион во авиокомпанијата Виз Ер.
На само 34 години, со помош на нејзината професија, посетила околу 60-тина земји во светот. Кога ќе каже дека по професија е пилотка луѓето на прва не ѝ веруваат. „Ми треба некое време да ги убедам“, вели таа, оти ретко која жена се занимава со оваа работа.
Првиот лет со авион на Виз Ер ѝ бил во текот на тренингот, од Темишвар, Романија до Лондон и назад во еден ден. Најдолгиот ден ѝ бил 14 часа, на четири релации во еден ден.




