Интервју
Проф. Марјан Бојаџиев: „Вложуваме напори УАКС да стане меѓународен универзитетски центар“
Професоре Марјан Бојаџиев, честитки за јубилејот. 15 години постоење е навистина значајно постигнување за една образовна институција. Раскажете ни ги почетоците на Универзитет Американ Колеџ Скопје.
Идејата за оваа приказна почна многу одамна, во 1981 година, кога Скопје беше меѓународен универзитетски центар. Таа мисла нѐ водеше и во 2005 г. – идејата од Скопје да направиме меѓународен универзитетски центар и желбата од Скопје да направиме мост меѓу народите.
Очекувавме Македонија да влезе во НАТО во 2008 г., а во Европската унија во 2012 г. Со тоа, сметавме дека Скопје ќе биде атрактивна дестинација. Во мај 2005 г. поднесовме Барање до Одборот за акредитација, а со настава почнавме на 5 октомври истата година.






