Васил Гарванлиев: Најголем предизвик е да споделам искрена емотивна приказна (ИНТЕРВЈУ)
Македонскиот исклучителен баритон Васил Гарванлиев, кој кариерата успешно ја гради на меѓународните сцени (Чикаго, Милано, Торонто, Лондон) во сферата на класичната музика, но и во водите на поп-музиката, ќе настапи во улогата на Енеј на премиерата на барокната опера „Дидо и Енеј“ која ќе се случи во Камерната сала на Филхармонија на 20 септември во 20 часот.
Во најпознатата опера од британскиот композитор Хенри Персл – „Дидо и Енеј“, ќе настапи и канадската оперска дива, сопранот Криста де Силва како Дидо, која моментно пее во престижните оперски куќи на Едмонтон и Монтреал, потоа еден од најбараните барокни ансамбли – „Г.А.П.“ од Германија, како и ансамблот „ИН МЕДИАС РЕС“ на „Полифонија“.
Станува збор за автентична, концертна изведба на љубовната приказна преточена во опера, во организација на Уметничкиот центар „ПОЛИФОНИЈА“.





