Уметничкиот центар „Полифонија“ кој е организатор на премиерната концертна изведба на барокната опера, зазема значајна улога во музичкиот живот
На 20 септември во Камерната сала на Филхармонија во 20 часот, во организација на Уметничкиот центар „Полифонија“, премиерно ќе биде изведена барокната опера „Дидо и Енеј“ од Хенри Персл. Операта ќе доживее концертна изведба и еден од ретките настани од ваков вид што во последниве години се случуваат на нашата музичка сцена.
„Полифонија“ инаку, e организација која функционира и делува во полето на културните и уметничките случувања, почнувајќи од 2003 година до денес. Таа зазема значајна улога во реализацијата на повеќе проекти од национален интерес, кои досега биле реализирани и поддржани од Министерството за култура, но и во реализацијата на проекти и надвор од границите. Во тимот на „Полифонија“ од почетоците беа музичките уметници Јанинка Невчева и Орце Ицковски, а денес заедно со Ицковски е вклучена и реномираната виолинистка Сања Шуплевска.
На прашањето, од каде идејата да се реализира проект како „Дидо и Енеј“, со оглед на неговата специфичност во секоја смисла на зборот, а во кој се вклучени музички ѕвезди како македонскиот баритон Васил Гарванлиев кој кариерата успешно ја гради на меѓународните сцени, канадската оперска дива, сопранот Криста де Силва која моментно пее во престижните оперски куќи на Едмонтон и Монтреал, потоа еден од најбараните барокни ансамбли – „Г.А.П.“ од Германија, како и ансамблот „ИН МЕДИАС РЕС“ на „Полифонија“, Шуплевска вели:




