Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ИСТОРИСКИ НАСТАН: Денешната кралска свадба во очите на светската јавност

Сцена

ИСТОРИСКИ НАСТАН: Денешната кралска свадба во очите на светската јавност

Принцот Хари и Меган Маркл денеска ќе се венчаат во капелата во дворецот во Виндзор, а церемонијата директно од местото ќе ја следат 600 лица, а преку телевизија целиот свет.

Венчавката ќе почне во 12 часот по локално време.

Вчера беа завршени последните подготовки, а пробата со возењето со кочија предизвика внимание на стотици луѓе. Кралската двојка помина во автомобил во придружба на полицијата.

Безбедносните мерки ќе бидат засилени околу дворецот Виндзор.

Полицијата постави барикади за да ги спречи напаѓачите со возила како што беше случајот кога минатата година возило влета во група луѓе кај Вестминстерскиот мост.

Патролите имаат придружба и од кучиња трагачи.

Од набљудувачите се бара да не фрлаат конфети додека поминува кочијата, со образложение дека тоа претставува потенцијален ризик, а и тешко е за чистење.

Најголемо медиумско внимание последните денови предизвика веста кој ќе ја испрати Меган до олтарот.

Кралското семејство соопшти дека таткото на младоженецот, британскиот престолонаследник принцот Чарлс ќе ја испрати Меган до олтарот препуштајќи му ја на принцот Хари.

Имено, Меган била таа која го замолила идниот свекор да ја придружува на нејзиниот пат до олтарот на капелата Сент Џорџ, откако нејзиниот татко мораше да се повлече поради здравствени проблеми.

– На принцот од Велс ќе му биде чест на овој начин да и посака добредојде на Меган Маркл во кралското семејство, соопшти Кенсингтонската палата.

Британската принцеза Елизабета Втора минатата недела официјално даде свој „благослов“.

Во меѓувреме, во Лондон пристигна мајката на Меган, Дорија Регланд, која вчера првпат се сретна со кралицата Елизабета во дворецот Виндзор во друштво на својата ќерка и идниот зет. Претходно се сретна и со принцовите Чарлс и Вилијам.

Принцот Хари и американската актерка синоќа престојуваа во различни хотели во подрачјето на Виндзор.

Свадбената торта ќе биде од лимон и сируп од боздел.

Меѓу девериците ќе биде и Шарлот, ќерката на Вилијам и Кејт, а на девојчињата ќе им се придружи и нејзиниот брат Џорџ.

Според некои проценки, свадбата ќе чини околу 500.000 фунти.

Компанијата „Бритиш ервајс“ на свој начин ќе ја одбележи венчавката, со лет од Лондон до Торонто со екипаж чии членови се викаат Хари или Меган.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.