Сцена
Јелена Розга: Едвај чекам да дојдам во Скопје!
Одбројувањето до најголемиот и најубавиот аудиовизуелен музички спектакл во месецот на виното и љубовта може да почне – затоа закружете го 10 февруари – датумот кога домашната публика ќе ужива во концертниот спектакл на една од најголемите музички ѕвезди во регионот Јелена Розга.
По неколкуте спектакуларни концерти во регионот, Скајмјузик со гордост го најавува настанот кој во рамки на турнејата „Минут срца мог“, ќе се случи во арената „Борис Трајковски“!
Јелена Розга, кралицата на поп-сцената и миленичката на сите генерации, позната по своите врвни настапи и неверојатната харизма, на сцената во Скопје ќе ги донесе најголемите хитови од соло кариерата како што се нумерите „Бижутерија“, „Окус ментола “, „Нирвана“, „Соло играчица“ и неизбежниот „Цунами“, но и оние што од времето кога членуваше и беше дел од групата Магазин, во која и ја започна кариерата.




