МК Сцена
Каролина и „Македонско девојче“ во сабота во Белград
Најголемата македонска музичка ѕвезда Каролина Гочева в сабота (07.11.2015-та година), со почеток од 20 часот, за прв пат во живо ќе го претстави проектот „Македонско девојче“ во престижната концертна сала „Коларац“ во Белград, во организација на Авалон продукција.
Станува збор за ексклузивен концерт, на кој белграѓани ќе имаат единствена прилика во една вечер да ги слушнат повеќето песни од двата албума „Македонско девојче 1“ и „Македонско девојче 2“.
Многу се радувам што конечно ќе го претставиме проектот „Македонско девојче“ во живо во Белград. Поготово што настапуваме во таква еминентна сала како што е „Коларац“- вели Каролина за претстојниот концерт.




