Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Каролина со голем концерт на отворено во Охрид!

Настани

Каролина со голем концерт на отворено во Охрид!

После концертот во Скопје, Авалон продукција организира уште едно дружење со Каролина, на голем концерт на отворено во Охрид! Каролина ќе ги изведе своите најголеми хитови на 4-ти август во Касарна – Охрид.

Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции, на 4ти август во живо ќе може да ги слушнете: ,,Хипокрит”, ,,За нас”, ,,Капка под небото”, ,,Не се враќаш”, ,,Се лажам себе” и уште многу други хитови кои ја одбележаа 30 годишната кариера на Каролина.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок (15.07) онлајн на avalon.mk, Кај Аждер и низ продажна мрежа на Авалон низ Македонија по следните цени и категории:
Партер – 500 денари
Фан пит – 700 денари
Вип – 1200 денари

Повеќе од Настани

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.