МК Сцена
Утре финална вечер на фестивалот „ТАКСИРАТ“
Утре (понеделник, 7ми декември) ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ ги пречекува посетителите на одржувањето на главната вечер од годинашната програма со која во Метрополис Арена и официјално ќе биде затворено 17. издание на фестивалот.
Задолжени за 17. ТАКСИРАТ да остане запаметен како неповторливо позитивно доживување од нашето градско (не)секојдневие се шест исклучително квалитетни изведувачи кои на ТАКСИРАТ ги здружува препознатливоста по извонредните настапи во живо, а згора на тоа и фактот што секој од нив доаѓа на ТАКСИРАТ со посебен повод: или за прв пат гостуваат во Македонија или доаѓаат со остварување кое прв пат ќе го претстават токму пред публиката на ТАКСИРАТ.
На големата сцена во Метрополис Арена утре ќе имаме чест за прв пат да ги пречекаме шведската power/heavy метал атракција SABATON, жестоките каталонци LA PEGATINA и диџеј составот на лондонскиот дабстеп феномен MODESTEP.




