Сцена
КИМ КАРДАШИЈАН ОГРАБЕНА ВО ПАРИЗ: Крадците ѝ украле накит вреден 16 милиони долари
Ким Кардашијан била нападната минатата ноќ околу 3:40 часот во хотел во Париз од пет вооружени напаѓачи облечени како полицајци, соопшти француската полиција.
– Таа е навистина потресна, но е неповредена, изјави нејзиниот портпарол.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, Ким Кардашијан престојува во францускиот главен град на Модната недела.




