Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кое е „лошото момче” фатено во кревет со Бела Хадид

Сцена

Кое е „лошото момче” фатено во кревет со Бела Хадид

Откако светот го обиколија еротски слики на манекенката Бела Хадид и нејзиниот колега Џордан Барет, снимени во спалната соба на нејзиниот стан во Њујорк, веднаш почна да се шпекулира дека модниот свет има нова „жешка“ двојка. 

Но, славната манекенка инсистира на тоа дека Џордан и е „како брат” и дека тука нема ништо повеќе. Како и да е, Џордан е главна вест на жолтиот печат, а и оправдано го нарекуваат „лошо момче” од манекенскиот свет.

Тој има само 20 години, еден е од најбараните австралиски манекени, а неговиот татко е осуден за шверц на дрога. Русокосиот убавец е „откриен“ кога имал 13 години, откако бил фатен во кражба на кибрити во една продавница, во 2010 година.

Тогаш му пришол ловец на таленти од познатата интернационална модна агенција ИМГ, со која потпишал договор во 2015 година.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.