МК Сцена
МАЛА ИТАЛИЈА ПАТУВА: Во подготовка совршениот концерт под отворено небо
Мала Италија патува е одраз на успехот кој го постигна Мала Италија со претходните концерти, и успешната соработка и кохезија помеѓу гласовите на Павле Камилоски и Христо Арсовски.
Оваа година, за разлика од претходно, настанот ќе биде под отворено небо на плоштад Мајка Тереза на 20ти Јуни во 20.00 часот и се вика Мала Италија патува затоа што ќе се претстават шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни.
Павле Камилоски го организира настанот Мала Италија патува со цел да ја сподели својата љубов кон музиката со публиката и да одаде почит кон Медитеранската култура, музика и сознанието за истата. Се очекува за време на настанот да се создаде совршена синергија на шпанската, италијанската и француската култура која ќе резултира со совршено културно исполнување.




