Сцена
КОНЕЧНО СЕ СЛУЧИ: Леонардо ди Каприо после шест номинации конечно доби Оскар
Леонардо ди Каприо конечно ја доби наградата Оскар за најдобар актер!
Тоа е негова прва победа по пет номинации во оваа категоријата. На 88 церемонија на доделувањето на годишните награди на Академијата која се одржа во Лос Анџелес, 41 годишниот Ди Каприо ја доби наградата за неговиот портрет на трговец од 19 век во филмот „Revenant“.
Лео во својот победнички говор му се заблагодари на колегата Том Харди кого го нарече брат, на режисерот Алехандро Ињариту, на Скорсезе, на своите родители, а говорот го заврши со неговата омилена тема – природната средина.




