Сцена
Култната комедија „White Chicks“ наскоро би можела да добие продолжение
Култната комедија од 2004 година „White Chicks“ наскоро би можела да добие продолжение. Марлон Вејанс, еден од главните актери и креатори на филмот, потврди дека по завршувањето на снимањето на хорор-комедијата „Scary Movie 6“ ќе започне да работи на продолжението на филмот „White Chicks“.
Кога филмот „White Chicks“ се појави во кината во 2004 година, привлече големо внимание кај публиката поради својот неконвенционален хумор и сатиричен пристап. Филмот следи двајца агенти на ФБИ, Кевин и Маркус Коупленд, кои за да прикријат неуспешна истрага, мораат да се маскираат во две богати наследнички, Тифани и Британи Вилсон.
Нивната цел е да го фатат криминалецот кој им се заканува на сестрите Вилсон, а притоа влегуваат во низа комични ситуации.





