Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

УРНЕБЕСНА КОМЕДИЈА: Лане Гутовиќ доаѓа во Скопје со хит претставата „Украѓена личност“

МК Сцена

УРНЕБЕСНА КОМЕДИЈА: Лане Гутовиќ доаѓа во Скопје со хит претставата „Украѓена личност“

 

Kако Среќко Шоиќ се обиде да ја изработи Европската Унија!

„УКРАЃЕНА ЛИЧНОСТ“ го носи на театарската сцена Среќко Шоиќ (во авторство и изведба на Лане Гутовиќ).

Со итрината и духот на селска битанга, Среќко Шоиќ и се наметнува на Европската Унија како кандидат за Претседател. Ниеден услов не е неприфатлив за него, затоа што за него се е џабе. Манипулацијата е за него потполно прифатлива, а тој ја карактеризира како соработка.

Сѐ што нуди е со премаз на измама, или жаргонски превара, умешно ја извртува реалноста и ја мести на моментот, и се тоа го прави виртуозно, понекогаш со фаца на бебе кое нема појма за ништо! Никогаш ништо не плаќа, и ништо не должи! И секогаш е „изненаѓен“ и „увреѓен“!

Идеален кандидат за Европската Унија!

Маестрална изведба на легендарниот актер Лане Гутовиќ вградена во ликот на шалабајзерот на векот, Среќко Шоиќ: „Насловот на претставата е изведен од реченицата на главниот лик. Тој се жали на Европската Унија и на меѓународната комисија барајќи оштета дека е потполно ојаѓен и дека му е УКРАЃЕНА ЛИЧНОС“

Ќе биде урнебесно смеење до солзи.

Милан Лане Гутовиќ е доајен на глумиштето на балканските простори. Вечното момче со господски манири на старата школа на однесување. Еден од оние актери кои ни под која цена не смеат да се пропуштат. ЖИВА ЛЕГЕНДА!

Билети во предпродажба преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 600 денари до 20 мај. Од 20 до 29 мај цената на истите ќе изнесува 700 денари.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.